МНОГУ ЛУЃЕ СЕ ЖАЛАТ НА НОВИ БОЛЕСТИ Короната остава траги во организмот!
Ковидот е фактор којшто влијае на општата здравствена состојба на пациентите и остава траги во организмот и тоа кај секој прележан има различен ефект, објасни министерот за здравство Беким Сали.
Многу луѓе се жалат на нови болести по прележувањето на коронавирусот, истакна министерот за здравство Беким Сали во вечерашното гостување во емисијата „Клан дебата“ на Клан ТВ.
Тој информираше дека имаат голем број поплаки и дека голем е бројот на пациенти коишто по прележаниот ковид-19 се жалат на нови болести.
– Ковидот е фактор којшто влијае на општата здравствена состојба на пациентите и остава траги во организмот и тоа кај секој прележан има различен ефект. Статистички после некој период ќе ги утврдиме. Работиме како да се справиме со пост-ковид синдромот кај пациентите. Работиме и на план што после ковид-кризата – рече Сали.