МНОГУ ЛУЃЕ СЕ УБИЕНИ, ВРЕМЕ Е ДА ЗАПРЕ НАСИЛСТВОТО Армијата ја презеде власта во Бангладеш

Началникот на армијата на Бангладеш, Вакер Уз Заман, рече дека армијата ќе формира привремена влада во обраќање до нацијата преку државната телевизија, додавајќи дека Хасина поднела оставка.

401

Началникот на армијата на Бангладеш, Вакер Уз Заман, денеска објави дека ќе „формира привремена влада“ откако премиерката поднесе оставка и побегна од главниот град поради огромните протести.

– Преземам целосна одговорност – рече генералот иако не беше веднаш јасно дали тој ќе застане на чело на преодната влада.






Вакер рече дека армијата ќе формира привремена влада во обраќање до нацијата преку државната телевизија, додавајќи дека Хасина поднела оставка.

– Земјата претрпе многу, економијата е погодена, многу луѓе се убиени, време е да се запре насилството. Се надевам дека по мојот говор ситуацијата ќе се подобри – додаде тој.

ПРЕМИЕРКАТА НА БАНГЛАДЕШ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ПОБЕГНА ОД ЗЕМЈАТА Крвавиот протест ескалираше, началникот на армијата ќе ѝ се обрати на нацијата

ХАОС ВО БАНГЛАДЕШ, 300 МРТВИ Дојде време за конечна пресметка меѓу демонстрантите и власта

Поврзани содржини