📷 „МНОГУ ЛОШ ФОТОШОП, ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГО НАПРАВИ ОВА?“ Славните ѕвезди ја красат насловната на „Пипл“, луѓето ја нападнаа со критики
Магазинот „Пипл“ ја објави насловната страница на Инстаграм по повод 50-тото издание на која позираат бројни ѕвезди, а луѓето почнаа да ги исмеваат во коментарите поради лошиот фотошоп.
Магазинот „Пипл“ ја објави насловната страница на Инстаграм по повод 50-тото издание на која позираат бројни ѕвезди, а луѓето почнаа да ги исмеваат во коментарите поради лошиот фотошоп.
Џенифер Анистон, Дру Баримор, Вајола Дејвис, Мајкл Џеј Фокс, Двејн Џонсон, Никол Кидман, Џон Леџенд, Метју Меконахи, Серена Вилијамс, Опра Винфри и Рис Витерспун се ѕвездите коишто ја красат насловната страница на списанието што предизвика многу коментари.
View this post on Instagram
„Премногу фотошоп или?“, „Анистон изгледа двојно помлада“, „Сите се фотошопирани, немаат ниту една брчка“, „Ова е навистина лош фотошоп“, „Можевте барем да ги фотографирате заедно во иста соба“, „Ајде луѓе, овие фотографии со вештачка интелигенција се ужасни“, „Сè беше во ред додека не видов како изгледа Опра“ и „Дали се овие фотографии со вештачка интелигенција направени? Ова не може да биде реално“, се нижат коментарите покрај фотографијата со славните ѕвезди.