МНОГУ ДОЖД, ПА МНОГУ СНЕГ Северен ветер ќе ни донесе студ

Поради продор на значително поладен воздух од север, во четврток на 8 јануари врнежите од дожд освен на повисоките населени места и на планините ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето пониски места, особено во западна Македонија.

7,782

Врнежливото и ветровито време поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа над нашиот дел од европскиот континент продолжува и во следните денови, најавува метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Поради продор на значително поладен воздух од север, во четврток на 8 јануари врнежите од дожд освен на повисоките населени места и на планините ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето пониски места, особено во западна Македонија. На повисоките и на планинските места ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 15 сантиметри, локално и над 20 сантиметри.






Подетало прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини