МНОГУ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ СЕ СПАСЕНИ ЗАРАДИ НЕГОВИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ Пендаровски упати пофалби за Филипче

Филипче сега да посака може да биде хирург каде сака во светот и за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател - рече Пендаровски за поранешниот министер за здравство, сега носител на листа од СДСМ во ИЕ 4, Венко Филипче.

229

„Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, неговите дијагнози, неговите операции. Просто кажано, станува збор за човек кој ти е мерак да го гласаш.”

Ова за Филипче го рече актуелниот претседател и кандидат од СДСМ за нов претседателски мандата, Стево Пендаровски на вчерашниот митинг во Радовиш во рамки на неговата агенда за претстојните претседателски избори.






Тој за Филипче упати пофални зборови, како за неговата големина како човек и достапност во кое било време, така и за неговата професионалност, за рзалика од неговиот противкандидат во ИЕ 4, Николоски кој како што рече, „целиот свој живот нема еден ден работен стаж“.

– Немав намера да трошам зборови за неговиот противкандидат, нашиот, вашиот противкандидат во оваа изборна единица кој целиот свој живот бил на државни јасли или на партиски јасли. Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата, не може да заработи за леб – рече Пендаровски.

Од другата страна, истакна дека Венко Филип како реномиран хирург е сосем различен.

– Филипче сега да посака може да биде хирург каде сака во светот и за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател – рече Пендаровски во Радовиш.

Поврзани содржини