ММФ: Заемите нема да ја опорават европската економија, туку грантовите

Во спротивно, пакетот мерки нема да предизвика економско закрепнување, вели Гопинат во изјавата објавена денеска во весникот.

173

Пакетот мерки на Европската унија за опоравување на економијата од пандемијата на коронавирус треба да се состои во најголем дел од грантови, а не од заеми, изјави Гита Гопинат, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд за германскиот весник „Шпигел“.

– Во спротивно, пакетот мерки нема да предизвика економско закрепнување, вели Гопинат во изјавата објавена денеска во весникот.






Лидерите на ЕУ се договорија во април да формираат фонд за итна поддршка на економијата на 27 држави од Унијата, а за конечните детали допрва треба да се договорат.

Поврзани содржини