ММФ ОДОБРИ ПРИСТАП ДО 530 МИЛИОНИ ЕВРА Годинава ќе повлечеме 110 милиони евра за справување со енергетската криза

Следната година земјава ќе може да повлече уште 150 милиони евра.

288

Одборот на директори на ММФ ѝ одобри пристап на земјава до 530 милиони евра од инструментот за претпазливост и ликвидност. Земјава годинава ќе може да користи 110 милиони евра кои може да ги повлече веднаш, а следните 155 милиони евра ќе ги користи следната година. Останатиот дел се обезбедуваат само како превентива и резерва на земјата.

Според најавата од Министерството за финансии парите кои ќе ги повлече земјава годинава ќе се користат политиките предвидени со ребалансот на буџетот поврзани со енергетската криза.






Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ е наменет за земјите членки на оваа меѓународна финансиска институција кои имаат докажани здрави економски основи и спроведуваат одржливи политики. Инструментот е воведен во 2011 година.

 

Поврзани содржини