МЛЕКОТО ВО СКОПЈЕ И ВО ВИЕНА Е ИСТА ЦЕНА Бранимир Јовановиќ вели дека цените нема да се вратат како што биле

376

Инфлацијата може да падне, но цените никогаш нема да се вратат на цените пред една година. Цените се ригидни, тие само растат а не паѓаат. Се сеќаваме на времето на Југославија кога имавме хиперинфлација. Цените никогаш не се вратија, како што ни сега нема да се вратат. Она што е битно е да се заузда инфлацијата. Сега инфлацијата е 13 отсто, пред два месеца беше 17 отсто, а треба да падне на 2-3 отсто и тогаш може да кажеме дека економијата е добро, вели Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии во Студио 10 на ТВ 24.

– Она што треба да го направи Владата е да ги покачи платите. Единствен начин да јадете како што сте јаделе како лани е да се покачат патите. Се покачија пензиите, минималните плати и социјалните давања, а и сопствените плати си ги покачија, но платите во приватниот сектор не се покачуваат тврдоглаво – вели Јовановиќ и додава дека е нужно да се овозможи трошење за да функционира економијата.






Јовановиќ вели дека се зачудил кога видел дека млекото чини исто колку во Виена и додава дека трговците премногу ги напумпале цените искористувајќи ја кризата.

Поврзани содржини