МЛАДИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМАТА СИЛА НА СРБИЈА, ВАЖНО Е НИВНИОТ ГЛАС ДА БИДЕ СЛУШНАТ Ѓоковиќ им даде поддршка на студентите кои протестираат

Како човек што длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е од исклучителна важност нивниот глас да биде слушнат, порача Новак Ѓоковиќ преку социјалната мрежа Икс.

996

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ им даде поддршка на студентите, професорите и на средношколците кои со недели протестираат во Србија, барајќи одговорност за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, каде загинаа 15 лица.

Светскиот тенисер, кој има освоено 24 титули од Грен слем, се огласи на својот Икс во средата вечерта.






„Како човек што длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е од исклучителна важност нивниот глас да биде слушнат. Србија има огромен потенцијал, а нејзината најголема сила е образованата младина. На сите нас ни се потребни разбирање и почит. Со вас, Новак“, напиша Ѓоковиќ, кој претходно ги поддржа и протестите против копањето литиум во Србија.

Поврзани содржини