МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ НЕ СЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА Видеолотарија Касинос Австрија ја води кампањата „Играј одговорно“

Компанијата, како членка на Европската и Светската асоцијација на лотарии, активно едуцира за ризиците од компулсивното и проблематично играње

26

Видеолотарија Касинос Австрија, како членка на Европската и Светската асоцијација на лотарии, и годинава ја поддржа кампањата за одговорно дарување со цел зголемување на јавната свест за ризиците од вклучување на лица под 18 години во игрите на среќа. Кампањата ја организираат Националниот совет за проблеми со коцкање (NCPG) и Меѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње и проблематични навики на Универзитетот Мек Гил.

Општествена одговорност и едукација






Како општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија активно поттикнува кампањи за одговорно играње, со посебен акцент на превенција од прекумерното и проблематично играње. Компанијата континуирано работи на едукација на играчите за опасностите од компулсивното играње.

Во 2019 година, компанијата го формираше СОС тимот, прв од ваков вид во земјата, и ја активираше СОС линијата со телефонска поддршка и електронска комуникација. Зад линијата стои стручен тим составен од психолози и психијатри, кој обезбедува советодавна и поддржувачка помош на оние кои се соочуваат со проблематично играње.

Едукативни предавања за млади

Во рамки на проектот „Играј одговорно“, на 11 ноември 2025 година, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, беше одржано едукативно предавање за подигнување на свесноста кај младите за ризиците и опасностите од прекумерно играње. Слично предавање се одржа и на 4 декември 2025 година за студентите на психологија на Славјанскиот универзитет во Битола.

Бројни истражувања укажуваат дека изложеноста на игри на среќа во најрана возраст може да ја зголеми веројатноста за развивање проблематична страст кон коцкање. Децата често до игрите доаѓаат преку подароци од возрасните, кои несвесно не се запознаени со можните ризици. Лотариските производи во ниеден случај не се соодветни подароци за лица под 18 години.

Кампања „Премлади за игра“

Со приклучувањето кон кампањата „Премлади за игра“, Видеолотарија Касинос Австрија активно учествува во:

едукација на заедницата за ризиците од коцкањето кај младите;

промовирање одговорни практики за игри на среќа, особено за време на празничните периоди;

поддршка на националните и меѓународните напори за превенција од проблематично коцкање.

Видеолотарија Касинос Австрија постојано нагласува дека право на учество во игрите на среќа имаат исклучиво лица над 18 години, согласно законските регулативи и принципите на одговорно приредување игри на среќа.

Поврзани содржини