Младите ќе добијат ваучери вредни 12 милиони евра
Предвидено е доделување на три типа парична поддршка односно ваучери за средношколци, студенти и за млади до 29 години за да се обезбеди нивната куповна моќ како придонес кон студентскот и ученичкиот стандард.
Владата во рамки на третиот пакет економски мерки за директна поддршка на граѓаните и стопанстовто во периодот на вонредна состојба предвиде доделување на три типа парична поддршка односно ваучери за средношколци, студенти и за млади до 29 години за да се обезбеди нивната куповна моќ како придонес кон студентскот и ученичкиот стандард и со фокус на развојот на дигиталните и ИТ вештини.
Според проценките, информира на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми, помошта е во вредност од 12 милиони евра, а ќе ја добијат околу 100 илјади корисници и тоа јуни или најдоцна во јули.
Првиот тип на ваучер со еднократен максимален износ до 6.000 денари и ќе се доделува на студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а средствата ќе се користат исклучиво за покривање партиципација за студирање на универзитетите и за сместување во ученички домоври, студентски домови и во регистрирани приватни сместувачки капацитети.
Вториот тип поддршка е домашна платежна картичка со расположлив износ од три илјади денари која ќе биде наменета за студентите и ќе се користи исклчиво за купување на домашни производи и услуги во одредени услужни дејности кои се најпогодени од кризата.
И третиот тип на ваучер до максимален износ до 30.000 денари е наменет за млади до 29 години за кофинансирање на обуки тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.
– МОН како институција задолжена за координација и имплементација на мерката заедно со кабинетот на Владата, Агенцијата за млади и спорт и ГС, веднаш пристапуваат кон разработка и дефинирање на конкретен оперативен план со цел успешно спроведување на тоа што е усвоено како заклучок, младите да ја добијат оваа парична поддршка во јуни односно најдоцна до крајот на месец јули – рече министерот Адеми.
Најави дека за тоа што ќе биде подготвено за конкретно во следните денови јавноста навремено ќе биде запознаена од аспект на тоа како и на кој начин ќе се аплицира за добивање на овие ваучери.