МЛАДИТЕ ДА СЕ ОБРАЗУВААТ И ДА ГРАДАТ КАРИЕРА ВО БИТОЛА Кондовски вети линк меѓу општината и Универзитетот
Кондовски истакна дека локална самоуправа што ќе ја предводи максимално ќе го поддржи битолскиот Универзитет во напорите да продуцира кадри какви што бара пазарот на трудот, а практикантските програми ќе се насочат кон оние сектори во стопанството каде тие кадри се најпотребни.
Силна и редовна соработка помеѓу локалната самоуправа, битолскиот универзитет и бизнис секторот е клучна за да се обнови брендот на Битола како универзитетски град. Овој линк мора да биде ставен во функција на локален економски развој на општината, рече Христо Кондовски, бизнисмен и кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ по средбата со универзитетски професори и ректорската управа на Универзитетот „Свети Климент Охридски“- Битола.
Тој посочи дека средбата следи по денешната промоција на проектот за Технолошки парк, со кој младите ќе добијат институционална поддршка своите бизнис идеи да ги реализираат во пракса.
Кондовски истакна дека локална самоуправа што ќе ја предводи максимално ќе го поддржи битолскиот Универзитет во напорите да продуцира кадри какви што бара пазарот на трудот, а практикантските програми ќе се насочат кон оние сектори во стопанството каде тие кадри се најпотребни.
– Целта е секој млад човек, тука во Битола да си го најде местото. Тука да се образува и да добие можност да гради кариера во својот дом – рече Кондовски.