МЛАДИОТ УРОШ ОТКРИ ЗОШТО ГО ИЗВРШИЛ МАСАКРОТ Го исмевале, му велеле дека е црн, го избегнувале…

Од мал видов неправда и тага, неправдата на општеството се одрази на мене. Немам идоли, јас сум православен, Србин, христијанин, не пушам, не пијам алкохол - изјавил Урош. Б. Пред истражителите.

3,049

Дваесетгодишниот Урош Б., кој минатата недела во Србија уби осум лица, а рани 15, на истражителите им открил кој бил мотивот за овој чин. Тој, наводно, рекол дека масакрот го извршил затоа што трпел насилство во основно училиште. Тој рече и дека мештаните го исмевале и дека правеле заговор против него.

Урош Б. и претходно имал контакт со оружје. Како што пишува Блиц, во 2021 година на таванот од куќата пронашол калашников и пиштол. Повремено одел на стрелиште, а наводно вежбал гаѓање во подрумот од неговата куќа. Како што рекол, во подрумот со пиштол пукал во вреќа полна со песок.






Неговиот татко Радиша Блажиќ е потполковник во Војската на Србија, а во меѓувреме е и уапсен. При претресот во просториите што ги користел осомничениот Блажиќ пронајдени се неколку стотици куршуми од различен калибар, чаури за муниција, еден пиштол и еден револвер. Тој се товари за недозволено поседување оружје и ставање експлозивни направи во промет.

Иако жителите на селото, каде што беше извршен масакрот велат дека Урош Б. го познавале само површно, тој тврди дека бил изложен на потсмев.

Чувствував потсмев, потсмев, потсмев. Мештаните правеа заговор против мене – изјавил тој. Тој рекол и дека селаните зборувале лоши работи за неговиот татко, меѓудругото и дека бил криминалец.

Урош раскажал и за времето кога бил во основното училиште. Како што рекол, децата го исмејувале бидејќи бил со потемен тен и не сакале да се дружи со него.

– Од мал видов неправда и тага, неправдата на општеството се одрази на мене. Немам идоли, јас сум православен, Србин, христијанин, не пушам, не пијам алкохол – изјавил Урош. Б.

Поврзани содржини