МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР СО БИБЛИОТЕКА Весковски најавува и Канцеларија за млади (ВИДЕО)

Кандидатот на СДСМ најавува и субвенционирање на еколошки превоз за млади - за велосипеди и електрични тротинети за што ќе се воведе квота за млади до 29 години.

181

Кандидатот за Општина Карпош Душко Весковски во својата програма посветил повеќе проекти на младите. Главниот капитален проект е основање Младински центар со библиотека и со читалница.

„Младинскиот центар во Карпош е еден од капиталните проекти и претставува простор наменет за младите квалитетно да го поминат своето слободно време, да се здружуваат, да користат ресурси и алатки за унапредување на формалното и неформалното образование.






Креирање локална младинска стратегија. Локалниот младински совет ќе биде директно вклучен во носењето одлуки и имплементирање на активностите и мерките за млади.

Отворање Канцеларија за млади која ќе служи како точка за информирање и координација со другите сервиси за млади на локално ниво.

Буџет за млади. Според Законот за младинско учество и младински политики, општината ќе одвои 0,1 % од својот буџет“, се наведува во програмата на Весковски наменета за младите.

Тој најавува и субвенционирање на еколошки превоз за млади – за велосипеди и електрични тротинети за што ќе се воведе квота за млади до 29 години. Субвенции за електронски уреди за ученици од основно и средно образование коишто се жители на Карпош.

Карпош ФИТ – посебна програма за младите во Карпош за активен спортски физички живот и нутриционистички совети.

Стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа. Во соработка со претприемачите, бизнис-секторот и граѓанскиот сектор, Општината ќе обезбедува стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа за јакнење на вештините и капацитетите на овие млади луѓе за пресретнување на потребите на пазарот на труд.

Стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства. Создавање еднаква шанса за сите млади да можат да го остварат својот полн потенцијал, без разлика на материјалната положба, преку зајакнување на нивната финансиска стабилност“, се наведува во програмата на Весковски.

Поврзани содржини