МЛАДЕНЦИТЕ ОСТАНАА ВО СЕНКА НА КУМОТ Ердоган беше сведок на најскапата свадба во БиХ (ВИДЕО)

Да потсетиме, еден милион конвертибилни марки, или нешто помалку од половина милион евра, наводно биле потрошени за свадбата на годината во Босна и Херцеговина.

3,177

Во Сараево се одржа свадбата на годината. Јасмина Изетбеговиќ и Шамил Хумашкиќ го имаа Реџеп Таип Ердоган за свој кум, а нивниот втор кум (како и тие самите) останаа во сенката на турскиот претседател.






Босанските медиуми пишуваат за вториот кум на младенците, кој на венчавката пристигнал во кариран костум. Вториот кум на младенците е исто така интересен и има врски со Турција.

Станува збор за Омар Мусабеговиќ, долгогодишен пријател на ќерките на Бакир и Себија Изетбеговиќ, кој живее и работи во Белград.

Мусабеговиќ е претставник на турската компанија Тасиапи во Белград, која гради автопатишта во Србија и треба да го изгради автопатот меѓу Сараево и Белград, со средства од Турција, пишува Кликс.

Да потсетиме, еден милион конвертибилни марки, или нешто помалку од половина милион евра, наводно биле потрошени за свадбата на годината во Босна и Херцеговина.

На гостите пред влезот во сараевскиот хотел „Европа“ им биле одземени телефоните, а секој од 250 гости имале кодирани покани, за да се спречи влез на непоканети гости.

Речиси сите медиуми во регионот ја пренесоа веста за венчавката на внуката на Алија Изетбеговиќ и ќерка на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, а најголемото внимание на венчавката, наместо невестата, привлече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше сведок на верската и на граѓанската венчавка. Пред свадбата, Ердоган го посети гробот на дедото на Јасмина, Алија Изетбеговиќ, а подоцна едвај се проби низ Сараево низ толпата што сакаше да го види.

Медиумите од БиХ пишуваат дека младенците и нивните гости славеле до доцна во ноќта, а во еден момент ја пееле „Да те није, Алија“.

Поврзани содржини