Младата пливачка Миа на Олимпијадата во Токио

Општина Карпош предвидува и финансиска поддршка за Миа, како дополнителен мотив за претстојниот период.

169

Младата пливачка Миа Блажевска Еминова, на Олимпискиот квалификациски турнир во Белград, Србија, на 100 метри слободно постигна време од 57.13 секунди. На овој начин, Миа потврди дека е најдобра пливачка од Македонија, во женска конкуренција, со што се стекна со правото да ја претставува државата на Летните олимписки игри во Токио, информира Општина Карпош.

Со ова исполнето време, Блажевска Еминова освои 741 Фина бодови, со што ќе може да биде пријавена за учество на најпрестижниот глобален спортски настан – Летните олимписки игри.






Миа Блажевска Еминова е жителка на општина Карпош. Има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.

Локалната самоуправа и честита на Миа за постигнатиот успех, како и на нејзиниот личен тренер и семејството, кои се нејзина најголема поддршка.

Општина Карпош предвидува и финансиска поддршка за Миа, како дополнителен мотив за претстојниот период.

 

Поврзани содржини