📽 МЛАДАТА ПЕЈАЧКА САКА „ГЛАМУР“ Слушнете ја новата песна на Драгана Јовановска

Ако претходното видео го сними на прекрасните Малдиви, овојпат таа се реши да не патува и видеоспотот да го сними во Македонија.

380

Младата пејачка Драгана Јовановска вчера на сите социјални мрежи и музички платформи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Гламур“, песна која ги поседува сите предиспозиции да биде летен хит.

Како и за претходната песна, така и за оваа, Јовановска соработуваше со познатиот композитор Иле Спасев, кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека пак текстот го напиша Јоцифер.






Драгана со својот тим од соработници и за оваа нова композиција сними интересен видеоспот. Ако претходното видео го сними на прекрасните Малдиви, овојпат таа се реши да не патува и видеоспотот да го сними во Македонија.

Taa повторно соработуваше со момците од „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски, кој и овојпат го дадоа својот максимум.

– Јас сум презадоволна од целиот проект. Со композиторот Иле се разбираме со поглед што се вели и речиси да немаме несогласувања во студио. Што се однесува до спотот, мислам дека ја доловивме и суштината на текстот. Сума сумарум, јас сум презадоволна. Сега најважно ми е песната да допре до публиката и таа да го донесе својот суд, односно дали сме го погодиле вкусот или пак можеби не – вели младата Драгана.

Драгана не застанува тука се разбира, со оглед на нејзината младост, ентузијазам, сигурни сме дека допрва доаѓа нејзиното време и допрва ќе се изнаслушаме нејзини песни…

Погледнете го спотот за „Гламур“:

Поврзани содржини