МЛАДА ЖЕНА НЕ МОЖЕ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ДОЖИВУВА ОРГАЗМИ Лекарите го проучуваат случајот на дваесетгодишната Кинезинка
Лекарите во Кина велат дека се збунети од случајот на млада жена која доживува неконтролирани организми повеќе пати на ден - оставајќи ја во постојана состојба на возбуда.
Лекари во Кина изјавија дека се збунети од случајот на 20-годишна девојка која 5 години доживувала неконтролирани оргазми повеќе пати на ден, поради што постојано била сексуално возбудена.
– Симптомите на сексуално возбудување се карактеризираат со повторливи и спонтани оргазмични искуства – напишале Џинг Јан и Дафанг Оујанг од Шестата болница на Универзитетот во Пекинг, во студија за овој необичен случај објавена во AME Case Reports.
Анализата на овој необичен случај ја спроведувале докторите Чин Јан и Дафан Оујан од Шестата болница на Универзитетот во Пекинг и е објавена во AME Case Reports.
Девојката 5 години доживувала оргазми без стимулација, што ги навело експертите да заклучат дека таа страда од постојано нарушување на гениталната возбуда (ПГАД), објавил PsyPost.
Постојаното возбудување може да биде доста болно, предизвикувајќи значително нарушување на психосоцијалната благосостојба и секојдневното функционирање, се наведува во анализата.
Поради нарушувањето таа не била способна да оди на училиште, да работи или да одржува врски. За жал, чекала на дијагнозата многу долго време. Нејзините симптоми првично се манифестирале како чувство на „скокоткање“ во стомакот придружено со карлични контракции кои личеле на оргазми. Во тоа време имала 14 години.
Отприлика во исто време станала многу чувствителна и имала бизарни верувања дека другите луѓе можат да ѝ ги читаат мислите, што довело до нејзино хоспитализирање една година подоцна и лекување од симптоми на депресија и психоза.
И покрај третманот, симптомите продолжиле, што ја навело да верува дека нејзините постојани оргазми се предизвикани од надворешни стимули. Нејзината состојба се влошила до тој степен што едвај можела да ги објасни своите симптоми без да доживее оргазам.
Тестовите не покажале абнормалности во нејзиниот мозок или репродуктивните органи што би можеле да предизвикаат постојани оргазми. Лекарите конечно ја дијагностицирале со ПГАД откако антипсихотиците ги ублажиле нејзините заблуди и оргазми.
По неколку недели третман, состојбата на пациентката се подобрила до тој степен што можела да се врати на работа и да има социјален живот. Сепак, секогаш кога ќе престанела да го зема лекот, симптомите ѝ се враќале.