МЛАДА ТЕТОВКА ПАДНА ОД БАЛКОН Со тешки повреди е пренесена во Скопје

Засега не се познати околностите под кои дошло до падот, полицијата спроведува истрага.

731

Млада тетовчанка се здоби со тешки повреди откако вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител веќе врши истрага за тоа како точно дошло до несреќата.

Според официјалните информации од СВР Тетово, немилиот настан се случил синоќа, околу 18:40 часот. Случајот во полиција бил пријавен од страна на екипите на Итната медицинска помош кои први пристигнале и интервенирале на терен.






Поради сериозноста и карактерот на здобиените повреди при падот, младата девојка итно е пренесена на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, но засега не соопштува детали за околностите кои довеле до падот на тетовчанката.

Поврзани содржини