„МЛАДА КРВ“, ЗАМРЗНУВАЊЕ, КОЛОНИЗАЦИЈА На кои начини најбогатите се обидуваат да ја „измамат смртта“?

Најбогатите луѓе во светот имаат толку многу пари што ни генерации по нив не можат да ги потрошат, па поради тоа ќе направат сѐ за да уживаат во тие пари и слава што е можно подолго.

754

Факт е дека најбогатите луѓе во светот имаат толку многу пари што нема да можат да ги трошат за живот. Тие пари нема да можат да ги потрошат ниту неколку генерации што ќе ги остават зад себе. Се разбира, таквите луѓе ќе направат сѐ за да уживаат во тие пари и слава што е можно подолго. А некои го прават тоа, пишува порталот „Bonitet“.

Неодамна беше објавено дека милијардерот Џеф Безос, финансиски поддржал истражувачка лабораторија во Кембриџ која работи на пронаоѓање технологија која може да го продолжи животниот век. Целта на „Altos Labs“ е да создаде технологија која би можела да ги подмлади клетките на животинското ткиво, што би требало да доведе до подолг животен век.






Според медиумите, Безос инвестирал пари и во компанијата „Unity Biotechnology“, чија цел е „да го продолжи периодот во кој човекот не е оптоварен со болести што се јавуваат поради стареење“.

Глобалниот пазар за технологии против стареење се очекува да надмине 271 милијарди долари до 2024 година.

Еве ви ги пренесуваме оние познати акции на најбогатите во обид да ја „измамат смртта“.

Трансфузија на „млада крв“

Постојат компании во светот кои спроведуваат студии за ефектите од трансфузија на крв од млади, здрави луѓе (особено оние на возраст од 16 до 25 години) до оние кои се во зрели години. Коосновачот на „PayPal“, Питер Тил, беше на насловните страници во последните години поради гласините за неговиот интерес за овој процес, особено во врска со стартап компанијата „Ambrosia“. Тил инвестираше во неколку стартапи во медицински истражувања, барајќи начини да го продолжи животот преку неговиот фонд „Breakout Labs“.

Замрзнување

Истиот Тил и другите милијардери, исто така, инвестираат во крионско зачувување или замрзнување на човечкото тело, со надеж дека идниот научен напредок ќе овозможи заживување на телото.

Компаниите што ја нудат оваа услуга ги вклучува „Alcor Life Extension Foundation“„Cryonics Institute“, „Suspended Animation Inc.“ и „KrioRus“. „Alcor“ наплаќа најмалку 80.000 долари за зачувување на мозокот и 200.000 долари за зачувување на криониката на целото тело.

Интересно е што некои компании им нудат зачувување на крионите на своите вработени како бенифит. Една таква компанија е хеџ фондот „Numerai“ од Сан Франциско.

Мозок „во облак“

Дали би размислиле да го ставите мозокот „во облак“ ако тоа значи дека можете да живеете вечно? Верувале или не, ова го прави истражувачката компанија „Nectome“. Се вложуваат сериозни пари во овој проект за зачувување на дигиталната човечка свест. Меѓу инвеститорите е милијардерот Сем Алтман.

Осигурување против крајот на светот

Крајот на светот може да има многу форми. Можеби глобалната економија ќе пропадне и ќе доведе до состојба на светска анархија, можеби ќе се случи пострашна пандемија од сегашната, но ако „седите на милијарди“, мора да бидете подготвени за такво сценарио.

Извршниот директор на „Reddit“, Стив Хафман, даде најдобар увид во овој менталитет, тврдејќи дека чувал оружје, храна и златници за да се увери дека е подготвен за сценарио за катастрофа.

Ако неговиот случај звучи како аномалија, упатените проценуваат дека повеќе од 50% од милијардерите во Силиконската долина имаат некаква форма на „осигурување од апокалипса“. Меѓу нив неколкупати се споменуваа Питер Тил, Марк Цукерберг и Лари Елисон.

Колонизација на универзумот

Технолошките милијардери се во првите редови за инвестирање во колонизација на вселената во потенцијалната иднина кога Земјата веќе не е населива, пренесува порталот „Bonitet“.

Џеф Безос во 2018 година рече дека ликвидира една милијарда долари акции на „Amazon“ секоја година за финансирање на неговата вселенска компанија „Blue Origin“. Неодамна, и тој и Илон Маск поминаа кратко време во вселената, а денес идејата за населување на некои планети сѐ уште изгледа неверојатна. Сепак, многу работи некогаш изгледаа неверојатно.

Поврзани содржини