МЛАДА КАНАЃАНКА ЗАГИНА ПО НАПАД ОД ДИНГО КУЧИЊА ВО АВСТРАЛИЈА Ја гризеле, избегала во океанот и се удавила

Кога телото на Џејмс било откриено, тоа био опкружено со глутница од околу 10 диви кучиња динго. Осум од нив се евтаназирани.

480

Млада жена од Британска Колумбија, Канада се удавила во океанот откако била нападната од глутница динго кучиња на позната туристичка дестинација во Австралија, утврди аутопсијата.

Тинејџерката, 19-годишната Пајпер Џејмс била на патување и работела на островот К’Гари кога загинала на 19 јануари за време на утринска прошетка.






Судот на Квинсленд потврди дека причината за нејзината смрт е утврдена од форензички патолог.

– Пајпер починала како резултат на давење во услови на повеќекратни повреди кои настанале како последица на напад од динго. Истрагата за смртта е во тек и во моментов не можат да се дадат дополнителни информации – изјави портпаролот на судот.

Кога телото на Џејмс било откриено, тоа био опкружено со глутница од околу 10 диви кучиња динго. Осум од нив се евтаназирани.

Нејзиното тело имало бројни траги од каснување, што укажува дека била принудена да влезе во водата по нападот од глутницата.

Претходните истраги открија „обемни каснувања од динга што се случиле по смртта“ и дека е „малку веројатно“ каснувањата нанесени пред смртта да предизвикале „моментална смрт“.

Нејзиниот татко, Тод Џејмс, претходно изјави дека верува оти Пајпер погрешила што не носела стап со себе.

– Можеби некои опасни дингоа ја виделе како нешто само по себе, како плен што е повреден, прска наоколу и можеби тоа го привлекло нивното внимание. Слушнав дека така го прават тоа, го опколуваат својот плен, го туркаат во водата и, за жал, чекаат да се удави, па да го изнесат – рече тој.

Додаде и дека не верува оти неговата ќерка би сакала да бидат повредени дингата како одговор на нејзината смрт.

На К’Гари, најголемиот песочен остров во светот, порано познат како островот Фрејзер, има околу 200 динга.

Убивањето на 8 динга по смртта на Пајпер Џејмс беше предмет на жестока дебата за тоа како подобро да се избалансира безбедноста на посетителите со зачувувањето на загрозената популација.

Беше изразена загриженост дека убивањето на околу 5 проценти од дингата на островот ќе влијае на генетската разновидност и континуираната одржливост на преостанатата популација.

Имаше и повици да се ограничи бројот на посетители на островот, што државната влада постојано го отфрлаше.

Дингото е заштитен вид со закон, со високи казни за оние кои ги вознемируваат или им наштетуваат.

Се препорачува на К’Гари посетителите секогаш да носат безбедносен стап додека одат надвор од оградените области.

Последниот познат фатален напад на динго на островот се случил во 2001 година, кога деветгодишно момче било убиено откако се сопнало и паднало во близина на камп.

Во 2023 година, жена била нападната од динго додека џогирала на плажата во К’Гари, принудувајќи ја да избега во океанот. Двајца сведоци ја виделе, ја извлекле од водата и ја однеле на безбедно место.

Поврзани содржини