Бразилската инфлуенсерка Жулија Хенеси Кајуела (22) загина во сообраќајна несреќа само неколку часа откако на својот инстаграм-профил објавила фотографија со сопругот Даниел со опис: „Животот е краток, ајде да лудуваме – јас, ти, Господ и патот“.
View this post on Instagram
Жулија во четвртокот била на патување со моторот со нејзиниот сопруг Даниел, кога се случила несреќата на југот на Бразил. Даниел е тешко повреден и во моментот е на интензивна нега.
По несреќата, Жулија била префрлена со хеликоптер во болница во критична состојба, каде подоцна починала на одделот за интензивна нега. Даниел е во истата институција, Универзитетската болница Кагур.
Според странските медиуми, Даниел сè уште не знае дека неговата сопруга починала. Жулија беше погребана во саботата во државата Минас Гераис.
View this post on Instagram
Младиот пар бил во брак четири години, а и двајцата ги обожавале моторите. Објавувале фотографии и планови од нивните патувања во Бразил, вклучително и на денот на несреќата. Тие планирале да патуваат во Сао Паоло, Парана и Санта Катарина.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм