МЛАД ЖИВОТ ЗГАСНА ВО ТЕТОВО Од ковид-19 почина 39-годишна жена

Доктор Нуредини вели дека граѓаните треба да се вакцинираат за да не го продолжат ланецот на ширење на заразат, особено поради фактот дека најголем број од хоспитализираните, но и починати не се вакцинирани.

1,084

Пет починати пациенти по компликации на ковид-19 во Клиничката болницата во Тетово во текот на изминатото деноноќие.

Најмладата е 39-годишна жена која имала претходно хронично заболување. На болничко лекување се 123 пациенти. Иако со мала најанса на подобрување, состојбата со пандемијата во тетовскиот регион сè уште е критична, оценува доктор Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот, објави Телма.






Доктор Нуредини вели дека граѓаните треба да се вакцинираат за да не го продолжат ланецот на ширење на заразат, особено поради фактот дека најголем број од хоспитализираните, но и починати не се вакцинирани.

Инаку бројките на новодијагностицирани во тетовскиот регион секојдневно растат. Во ковид статистиката вчера беа регистрирани 110 нови случаи со што активно болни се 2.038 лица.

Поврзани содржини