МЛАД СИ, ЌЕ ИМАШ ДРУГИ ДЕЦА! Чудни утехи за татковците што не можат да си ги гледаат децата

Нема отуѓување, децата само не сакаат кај вас затоа што не ве гледаат, сѐ е нормално. Тука нема отуѓување, оставете ги тие празни приказни. Млад сте, ќе имате уште жени, уште деца… Ова е дел од збирката приказни на Ана Рајковиќ, психолог и психотерапевтка која работи со деца и родители – жртви на отуѓување како форма на семејно насилство.

435

Гледав во него, преку таа зелена маса, ги знаете оние маси што стоеја во канцелариите на лекарите сто години, малку излупени по рабовите, широки и толку ужасно зелени, со неколку папки и кутија преполна со моливи.
Неговиот раскопчан бел мантил беше во страшна спротивност со она што го зборуваше. Претпоставувам дека белиот мантил значи дека му помагате на некого, дека се обидувате да го направите подобар, а тој го направи токму спротивното. Со секој негов збор, ми се чинеше дека тонам, дека ми се врти во главата и дека се се губи во некоја магла. Страшно ми пречеше неговиот бел мантил, раскопчан и стуткан по реверите и ракавите, но постојано се потсетував дека тој е лекар, психијатар и дека ова е неговото работно место, некоја клиника, и дека сега е сосема случајно некој кој уништува животи наместо да ги спасува. Сега, сосема случајно, тој е судски експерт, а јас којзнае како се најдов карши него и мојот живот е во негови раце. И мојот и сите наши животи.
Имаш три деца – ми рече. Да – одговорив. И не сте ги виделе од разводот? Колку време помина, две години? Да – реков повторно.
Ех, знаете како, тоа се многу комплицирани работи. Сега да се натегате со поранешната сопруга е залудно. Децата се со мајката, таму не им е толку лошо, мајка си е мајка. Ги гледам тие проблеми постојано, верувајте ми, вие не сте единствените.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини