Млад Русин ѝ удира клоца на мечка, а потоа се покајува (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео од еден млад човек како шета низ шумата Камчатка и сретнува мечка.

2,223

Доколку сакате да шетате во природа, веројатно го имате научено најважното правило досега – ако видите мечка, ни случајно не и се доближувајте. Сепак, овој млад Русин очигледно не го знаел тоа.

На социјалните мрежи кружи видео од еден млад човек како шета низ шумата Камчатка и сретнува мечка. Иако животното си продолжи и не реагираше, младиот човек реши да го испровоцира. Бидејќи мечката полека се движела, авторот на видеото веројатно помислил дека животното е повредено и дека нема да може да му наштети ако го нападне. Но тој погреши во неговата проценка.






Во неколку брзи чекори, младиот човек се приближи до мечката и ја клоцна во задниот дел од телото, а сцената што следеше ќе ги научи сите да ги заобиколуваат мечките кога ќе ги забележат во шума.

Видеото е направено минатата година, но само неодамна стана популарно на социјалните мрежи. Според руските медиуми, младиот човек поминал само со повреди на рацете и бил неверојатно среќен што мечката не била расположенa да ја „заврши работата“.

Поврзани содржини