Мизрахи: СДСМ со тези како Гебелс и неговиот фирер Хитлер

Очекувам во следната ваква изјава на СДСM да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и наочари.

2,227

Рашела Мизрахи,  новиот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку пост на Фејсбук реагираше на изјавата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска на прес конферфенција по повод изборот на новите членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузевска на прес-конференцијата рече дека „со изборот на Рашела Мизрахи, за член на Извршниот комитет, се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската унија“.






На тоа Мизрахи во постот на фејсбук одговори:

„Мизрахи ја загрози македонската европерспектива е во превод Евреите се опасност за Европа како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер.
Очекувам во следната ваква изјава на СДСM да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и наочари.
Знам дека нематe срам, но Македонија се срами од Вас!“

Поврзани содржини