Мизрахи: Ова е комплетно пропадната држава

2,959

Во вечерашната емисија „Само вистина“, пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, за бегството на екс директорот на УБК Сашо Мијалков рече дека не е дозволиво една држава да покажува олкава некадарност и комплетна дисфункционалност на системот.

– Недозволиво е една држава да покажува олку некапацитетност и некадарност да се оддржи системот. И поради тоа сметам дека властите треба да одговорат како е можно да се случи вакво нешто, во спротивно само ќе докажат дека имаме комплетна дисфунционалност на системот – рече Мизрахи.






Таа посочи дека проблемот за влезот во ЕУ треба да го бараме во пропаѓањето на нашите системи.

– Тоа го гледаме во здравствениот систем, во системот за труд и социјала, а сега го гледаме на цело државно ниво и тоа многу интензивно во последните три години. А ова не е показател на држава која го губи капацитетот, ова е комплетно пропадната држава и немање систем – рече Мизрахи.

 

Поврзани содржини