Мизерно: Момче се шегува со вработени во брза помош за „популарност“ на Тик-ток
Скопјани на 194 се јавуваат и ако нема струја за да дознаат каде да се обратат, а почесто се лаже оти имало сообраќајка.
Снимката, на која се гледа како младо момче се јавува на 194 и се шегува како да го згрешил бројот, а сака да добие протипожарна, првично е објавена на социјалната мрежа „ТИК ТОК“.
Од службата за Брза помош велат дека ова не е ниту близу до бизарните повици што речиси секојдневно ги добиваат. Скопјани на 194 се јавуваат и ако нема струја за да дознаат каде да се обратат, а почесто се лаже оти имало сообраќајка.
– Пример се јавуваат ако не си го знаат бројот бидејќи им е нов, за да прашаат која аптека работи, вели Маргарета Атанасовска – Трипуновска – Итна медицинска помош.
Разрешница за ваквите случаи кои од Итната служба постојано ги пријавуваат нема, ниту пак начин како да се лажните повици да се спречат.
Стокава работи/работеше како келнер у Бруклин. Додека тој се заебава, линијата е зафатена за пациенти. Да го направиме популарен! pic.twitter.com/zDGZ03cShf
— Оќеебрат 😎 (@zmicenamice) September 12, 2020