Митко Јанчев за Фокус: Го преземам ВМРО-ДПМНЕ!

6,239

„Го преземам ВМРО-ДПМНЕ“. Под овој наслов порталот Фокус објавува интервју со Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО-ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја – вели кавадаречкиот градоначалник во интервјуто.






Јанчев одговара на обвинувањето на Христијан Мицкоски дека најголемиот поткуп на овие избори се случил токму во Кавадарци

– Кавадарци е пристоен, чесен и работлив град, нема никаков поткуп! Ако тој сепак има некакви информации, нека пријави во Обвинителството, но сепак мислам дека се служи со бедни дискредитации директно кон мене, знаејќи дека Општина Кавадарци е еден од најуспешните градови во државата. Отсекогаш Мицкоски сакаше да го има ,,под свое” Кавадарци, тоа е и една од причините зошто ме разреши од потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што отсекогаш ме сметаше за конкуренција.

Во интервјуто Јанчев вели дека резултатите на ВМРО-ДПМНЕ се многу слаби бидејќи граѓаните немаат идентификација во Мицкоски и во сегашното раководство и јавно ја истакнува својата кандидатира за лидер на партијата.

 

 

Поврзани содржини