Митко Јанчев: Ќе се кандидирам за лидер на ВМРО-ДПМНЕ ако на 28 март му биде изгласана недоверба на Мицкоски

Доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата, изјави градоначалникот на Кавадарци за Фактор.

4,238

Градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, потврди дека би се кандидирал за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, доколку на вонредниот конгрес кој се најавува за 28 март, мнозинството од делегатите му изразат недоверба на актуелниот челник на партијата Христијан Мицкоски, објави Фактор.

– Овој конгрес што го закажа Иницијативниот одбор е само за изразување доверба или недовреба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Ако се изгласа недоверба за Мицкоски, тогаш треба да се свика нов конгрес, на кој ќе се пријават кандидати за нов лидер на партијата. Секој има право да се пријави и со своја програма да излезе пред делегатите. Доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата – вели Јанчев.

Поврзани содржини