МИТИНГ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНИЈА ВО СЛОВЕНИЈА Граѓанската иницијатива за словенечко-македонско пријателство организира митинг во Копер

Граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство, испрати повик до Македонците кои живеат во Република Словенија, до Словенците и сите други граѓани на Словенија да присуствуваат на мирниот протест за заштита на македонскиот национален идентитет кој ќе се одржи на 16.7.2022 година во 19 часот на плоштадот Тито во Копер, Словенија

348

Во сабота (16 јули) во 19 часот граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство организира мирен митинг на плоштадот Тито во Копер, Словенија, за како што се вели во повикот, поддршка на Македонија и напорите на македонската нација за зачувување на ставовите и идентитетот на една нација.

„Почитувани Македонци кои живеете во Република Словенија, драги Словенци и сите други граѓани на Словенија, во име на граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство, љубезно ве покануваме да присуствувате на мирен митинг оваа сабота на 16.7.2022 година во 19 часот на плоштадот Тито во Копер за поддршка на Македонија и на напорите на македонската нација за зачувување на ставовите и идентитетот на една нација.






Ве повикуваме на мирен и достоинствен начин да испратите јасна порака до претставниците на Европската комисија и македонските политичари:, Словенија. Граѓанската социјална иницијатива за словенечко-македонско пријателство, љубезно ве покануваме да присуствувате на мирен митинг оваа сабота на 16.7.2022 година во 19 часот на плоштадот Тито во Копер за поддршка на Македонија и напорите на македонската нација за зачувување на ставовите и идентитетот.

Ве повикуваме на мирен и достоинствен начин да испратите јасна порака до претставниците на Европската комисија и македонските политичари: НЕ за францускиот нацрт-протокол за влез на Македонија во ЕУ и НЕ за фашистичките уцени од Бугарија! Митингот е најавен, затоа ве поздравуваме во очекување на што поголем број учесници“, се вели во повикот.

Поврзани содржини