Митева: Шилегов троши без усул, сега купува и чешми по цена од 1.500 евра

Опозициската партија веќе неколку дена тврди дека градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов набавува урбана опрема по рекордно висока цена.

312

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Град Скопје набавува улични чешми со поединечна цена од 1.500 евра.

Опозициската партија веќе неколку дена тврди дека градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов набавува урбана опрема по рекордно висока цена.






– Клупата во вредност од 500 евра е помало изненадување од јавната набавка на чешми за вода во вредност од 1.500 евра. Градоначалниците на Скопје на чело со Шилегов склучуваат договори за јавни набавки во кои цените на иста урбана опрема, со иста тендерска спецификација варираат од година во година – изјави портпаролката на партијата Марија Митева.

Според неа, податоците од електронскиот истем за јавни набавки покажуваат дека Градот плаќал високи цени за чешми и во изминатите неколку години.

– Шилегов во 2019-тата година извршил јавна набавка на чешми за вода чија единечна цена била 69.000 денари, додека во 2020-та и 2021 година чешмата веќе чини 89.000 денари. А, станува збор за идентична чешма, со исти карактеристики како онаа која пред две години била 20.000 денари поевтина – вели Митева.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека  Шилегов нема долгорочна стратегијата за одржлив развој на градот.

– Бројките говорат дека Град Скопје има зголемување на долгот за осум пати повеќе од кога градоначалник е Шилегов. Капиталните инвестиции за Шилегов се мисловна именка, но затоа чешмите во вредност од 1.500 евра се она што го добиваат скопјани – вели Митева.

Поврзани содржини