Митева: Неспособноста на градските власти ги остави скопјани со непроодни улици (ВИДЕО)
Ништо подобра не е ни состојбата со државните, регионалните и магистралните патишта низ државата, вели Митева.
Градот Скопје е блокиран и непрооден при првиот снег. Градот Скопје троши милиони евра за чистење на снег, кој како што можете да видите воопшто не е исчистен, реагираше Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на хаосот во скопје направен по нерасчистените улици од снег.
– Снегот можеби ќе ја сокрие нечистотијата на градот, но ќе ја извади на површина неспособноста на Шилегов. Ништо подобра не е ни состојбата со државните, регионалните и магистралните патишта низ државата.Она што можеме да констатираме од терен е дека властите не потфрлија само во една работа, а тоа е во нивната неспособност! Жално е ова што му се случува на Скопје! Најави за снежна покривка имаше пет дена наназад. Но, изгледа скопските градоначалници ова не го очекуваа или едноставно толку можат. Вчера бевме сведоци на непроодни улици, за жал сведочевме и на сообраќајни незгоди поради лизгавите патишта – рече Митева на прес-конференција одржана на улицата Тодор Чангов во Лисиче.