Митева: Додека граѓаните не можат да закажат термин, власта се тестираат бесплатно и преку ред
Ќе успееш ли Венко да им закажеш термин и покрај поплавата во Центарот за јавно здравје? Или да очекуваме уште некое лошо видео, за кое ќе праќаш одговори преку МЗ? Еве ќе те советуваме, министер одговара со аргументи и факти, а одговори проследени со пародии се доказ дека немаш ниту факти, ниту аргументи за целокупниот хаос.
Сведоци сме на се полоши дневни, неделни и месечни статистики. Повеќе од 5.000 позитивни лица има само во главниот град. Епидемиолошката крива непречено расте во нагорна линија. Додека трае забавата на социјалните мрежи, извештајот на Институтот за јавно здравје бележи рапиден раст во секој поглед, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
– Но, додека едни немаат можност да закажат термин за тестирање, а други се лекуваат во дворовите на клиничките болници, почитуваните претставници на власта се тестираат бесплатно и преку ред. Велат, виталните органи на власта се третираат како ургентни случаи и ова се прави заради заштита на функционирањето на државните институции. Па барем нешто навистина да функционираше. Гледаме наплата на донирани тестови, па поврат на средствата. Ако поминеше незабележано можеби сите 13.000 донирани тестови ќе ги наплаќавте. Таков е начинот на кој функционирате, со купи ден продај политика или по ново, постирај па избриши – вели Митева.
Веднаш по добивање на информацијата дека постои можност дел од бугарската делегација, која беше присутна на состанокот во Берлин, да е позитивна на ковид-19, од СЕП велат дека Димитров сепак ќе изврши редовно превентивно тестирање. Па прашуваме, дали повторно неговиот тест ќе биде приоритет во однос на сите нас?
– Ќе успееш ли Венко да им закажеш термин и покрај поплавата во Центарот за јавно здравје? Или да очекуваме уште некое лошо видео, за кое ќе праќаш одговори преку МЗ? Еве ќе те советуваме, министер одговара со аргументи и факти, а одговори проследени со пародии се доказ дека немаш ниту факти, ниту аргументи за целокупниот хаос. Ковид-19 покажа дека онаму каде што не постои политичка волја, не постои начин за справување со кризата. Но нема да престанеме да апелираме да воведете бесплатно тестирање за здравствените и просветните работници и да ги ослободите од работа хронично болните – рече Митева