Митева: Царовска и СДСМ го партизираат образованието

Проблемите кои ги создава оваа влада, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, оставаат трајни последици врз генерации ученици, но и врз просветните работници кои како наставници се главниот фактор кој треба да ги спроведе овие реформи.

167

Реформите во образованието се процес кој изминативе четири години се спроведува на сила и нетранспарентно, а за жал истото се партизира од Царовска и СДСМ, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција.

Проблемите кои ги создава оваа влада, рече таа, оставаат трајни последици врз генерации ученици, но и врз просветните работници кои како наставници се главниот фактор кој треба да ги спроведе овие реформи.






– Постапката за избор на наставник ментор е комплетно нетранспарентна од неколку причини, и тоа: Најпрво, низа неправилности има во бодувањето на кандидатите кои како за наставник ментор, се отворија  и сомнежи дека некои од досиејата биле отворани предвреме и истите биле подоцна преоценувани. Второ, информација за избор добија само избраните кандидати, никаде не можеше да се најде целосна ранг листа на сите кандидати кои аплицирале, а дополнително на кандидатите кои не беа избрани и побараа увид во бодувањето, истото не им било овозможено. МОН го објави, па го сокри изборот на ментори во училиштата. За тоа има неколку причини, но најголемиот доказ е токму во училиште во општина Карпош каде беше избран кандидат којшто го пишуваше во онаа пресретната партиска листа каде кандидатите за наставници ментори се оценувани за партиска подобност. До името и презимето на наставникот стоеше кратко, недвосмислено објаснување „наш/а е” или „има книшка”. Ова е факт дека оценката за подобност Царовска и СДСМ ја формираат согласно партиската определба, а со тоа изборот е далеку од регуларен – истакна Митева.

Дополнително, додаде таа, срамно малите, ниски плати на наставниците ја покажуваат вистинската желба на СДСМ за развој и унапредување на образованието.

– Со 2.000 денари покачување на платите на оние кои треба да ја спроведуваат реформата не се постигнува ефект во образованието. Потсетувам дека ВМРО-ДПМНЕ понуди и повторно нуди повисока плата за наставниците како мотив за нивната работа, достојна за нивниот труд кој го вложуваат. Платата на наставниците треба и ќе биде според Колективниот договор, ќе има израмнување и таа ќе изнесува 36.000 денари. Време е образованието да го добие заслужениот третман, време е да ставиме крај на погрешните политики – рече Митева.

Поврзани содржини