МИСТЕРИОЗНО ПОЧИНА ЧОВЕКОТ КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА Се сретна со пратеник на Папата, а не го дочека Лавров

Со пратеникот на папата Макеи зборувал за постигнување мир во Украина, а министерот не дочека да се сретне со Сергеј Лавров и мистериозно почина следниот ден. Некои велат дека агентот на ГРУ еден ден требаше да го замени Лукашенко.

5,983

Минск соопшти дека министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеи , ненадејно починал на 64-годишна возраст , пишува британски Дејли мејл. Макеи им бил врска на земјите од Западна Европа со Белорусија. Тој ненадејно почина само еден ден по средбата со пратеникот на Папата, Анте Јозиќ. Тие, наводно, преговарале за начин како да се стави крај на војната во Украина.

Во понеделник Макеи требаше да биде домаќин на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Минск. Портпаролот на Лавров рече дека цела Русија е во шок поради смртта на Макеи. Причината за смртта сè уште не е позната. Тој наводно бил совршено здрав ден пред смртта.






Според зборовите на политичките аналитичари, тој имал за цел еден ден, наводно, да го замени Лукашенко како претседател на Белорусија.

Макеи беше обучен во советската ГРУ, воената разузнавачка агенција, а имаше и добра репутација и рејтинг меѓу белорускиот народ.

Поврзани содржини