МИСТЕРИОЗНО ИСТЕKУВА ГАС ПОД ВОДА ВО ШВЕДСКА И ДАНСКА Некој намерно го оставил Северен Тек под притисок?

Во времето кога се случи истекувањето гасот за Европа беше целосно исклучен, но и двата гасоводи (Северен тек 1 и 2) сѐ уште биле држени под притисок. Овие инциденти значат дека идното стартување на гасоводите ќе почека и ќе бара одреден ремонт. Дали можеби ова е поврзано со пуштањето во употреба на Балтичката цевка, нов подморски гасовод што испорачува норвешки гас во Полска со годишен капацитет од 10 милијарди кубни метри дневно, кое треба да се случи токму денеска?

1,815

Необјаснето остана денешното истекување на гас во две руски цевки што минуваат под Балтичкото Море во близина на Шведска и Данска, на места кои се во срцето на Северен Тек, јавува Ројтерс. Истекувањето го загрозило поморскиот живот, а ја натера Данска да го ограничи морскиот превоз во радиус од пет наутички милји. Дали можеби ова е поврзано со пуштањето во употреба на Балтичката цевка, нов подморски гасовод што испорачува норвешки гас во Полска со годишен капацитет од 10 милијарди кубни метри дневно, кое треба да се случи токму денеска?

Протекување на гас денеска се случило кај цевка од Северен тек 1 во Шведска, забележана од шведската поморска управа и за цевка од Северен тек 2 во Данска. Во времето кога се случи истекувањето гасот за Европа беше целосно исклучен, но и двата гасоводи сѐ уште биле држени под притисок.






Овие инциденти значат дека идното стартување на гасоводите ќе почека и ќе бара одреден ремонт.

„Вчера беше откриено истекување на еден од двата гасоводи меѓу Русија и Данска – Северен тек 2. Гасоводот не е во функција, но содржи природен гас, кој сега истекува“, рече данскиот министер за енергетика Дан Јоргенсен во писмената изјава.

„Властите сега се информирани дека има уште 2 истекувања на Северен тек 1, кој исто така не е во функција, но содржи гас“, додаде тој.

Русија ги намали испораките на гас за Европа преку Северен тек 1 пред целосно да го прекине протокот во август, обвинувајќи ги западните санкции за предизвикување технички тешкотии. Европските политичари велат дека тоа било изговор да се запре испораката на гас.

Новиот гасовод „Северен тек 2“ штотуку беше завршен, но не влезе во комерцијална работа. Планот за снабдување со гас преку гасоводот беше откажан од Германија неколку дена пред Русија да испрати војници во Украина во февруари.

– Има две истекувања на Северен тек 1 – едно во шведската економска зона и едно во данската економска зона. Тие се многу блиску едно до друго – изјави за Ројтерс портпаролот на Шведската поморска управа СМА.

Протекувањето било лоцирано североисточно од данскиот остров Борнхолм, рече портпаролот. Не е јасно што го предизвикало протекувањето.

– Дополнително внимаваме за да се осигураме дека ниту еден брод не се приближува премногу (блиску) до локацијата – рече вториот портпарол на СМА.

Данските власти побараа да се подигне нивото на подготвеност на земјата за секторот за електрична енергија и гас по протекувањето.

– Прекршувањата на гасоводите се случуваат исклучително ретко… Сакаме да обезбедиме темелно следење на критичната инфраструктура на Данска со цел да ја зајакнеме безбедноста на снабдувањето во иднина – рече шефот на данската агенција за енергија, Кристофер Ботцаув.

Зголеменото ниво на истекување на гас во морето би значело дека компаниите во секторот за електрична енергија и гас треба да спроведат мерки за зголемување на безбедноста на пример во постројките, во зградите и кај инсталациите.

Бродовите може да ја изгубат пловноста ако навлезат во областа и може да има ризик од палење над водата и во воздухот, соопшти данската агенција за енергетика, додавајќи дека нема безбедносни ризици поврзани со истекувањето надвор од зоната на исклучување.

Се вели дека истекувањето на гас само локално ќе влијае на животната средина, што значи дека ќе биде засегната само областа каде што се наоѓа гасниот столб.

„Ова ќе има штетен ефект врз климата од испуштањето на гасот метан што излегува во воздухот“, се вели во писмениот коментар.

Поврзани содржини