Мистериозно исчезна докторката од Вухан која прва предупреди за опасноста од Ковид-19

Како што рекла докторката во интервјуто, раководството на болницата ѝ упатило остри критики, а властите ја обвиниле за илегално ширење лажни вести.

1,567

Епидемијата со коронавирусот започна да се шири од кинескиот град Вухан, а докторката Ај Фен беше првата која го предупреди светот за заканата. Таа, за кинескиот магазин „Ренву“ уште пред неколку месеци изјави дека опасниот Ковид-19 ќе опустоши многу земји на планетава. Имено, таа кажа дека уште на 30 декември минатата година добила наод за пациент на кој пишувало „САРС коронавирус“ и за тоа ги известила колегите, како и докторот Ли Венлианг кој подоцна почина од Ковид-19.

Но, токму тоа нејзино интервју воопшто не им се допаднало на властите во Кина, па набрзо беше цензурирано во оваа држава, иако веќе се прошири во светот, пишува „Дејли Мејл“. Но, како што наведува порталот, оваа докторка мистериозно исчезнала непосредно по излегувањето на интервјуто во јавноста, а се претпоставува дека, пишува сајтот, Фен е уапсена или убиена.






Како што рекла докторката во интервјуто, раководството на болницата ѝ упатило остри критики, а властите ја обвиниле за илегално ширење лажни вести.

Интересно е тоа што мистериозното исчезнување на Фен се случува во период кога властите во Кина се соочуваат со низа обвинувања за криење на податоци поврзани со епидемијата. Од ден во ден се појавуваат разни информации дека Пекинг ги лажирал клучните податоци за Ковид-19, односно дека Кина има многу повеќе заразени и починати лица од бројката што официјално ја соопштиле властите.

– Да знаев каков хаос ќе следува, воопшто немаше да се грижам за последиците. Ќе зборував за тоа насекаде и сите ќе ги предупредев за опасноста – изјавила Фен во интервјуто.

Таа таму објаснува дека постојано ги предупредувала кинеските власти, но ти е инсистирале дека коронавирусот не може да се шири меѓу луѓето.

Фен се води како исчезната веќе подолг период, и како што наведува „Дејли Мејл“, веќе ѝ се изгубила секоја трага.

Поврзани содржини