МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНА „АУДИТО“ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ Градоначалникот Митевски алармираше, полицијата трага по сторителот
Од полицијата информираа дека возилото било пронајдено на улицата Перо Наков, при што било утврдено дека недостасува една регистарска табличка.
Патничко возило марка „ауди“, сопственост на Општина Аеродром, било украдено од службената гаража на булевар Јане Сандански, а потоа пронајдено без табличка во друг дел од градот. Случајот во полиција го пријавил в.д. градоначалникот Дејан Митевски.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото било одземено во периодот од 15:30 часот на 4 април до 20:40 часот на 7 април 2025 година. Возилото било пронајдено на улицата Перо Наков, при што било утврдено дека недостасува една регистарска табличка.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а се проверуваат и безбедносните камери во објектот и околните улици.