МИСТЕРИОЗНИ ДРОНОВИ ПОВТОРНО НАД ВОЕНИТЕ БАЗИ Данската армија ангажира дополнителни сили поради

Данската армија алармира: повторни летови на неидентификувани дронови над базите, засилени безбедносни мерки пред самитот во Копенхаген.

163

Данската армија соопшти дека синоќа повторно се забележани неидентификувани дронови над воените објекти, по што беа ангажирани дополнителни безбедносни капацитети за надзор и заштита. Ова е втор ден по ред со вакви инциденти, а армијата не открива детали за бројот или точната локација на беспилотните летала.

Претходно, во текот на неделата, дронови беа забележани над воздухопловната база Скридструп и касарната Холстебро. Данската армија ја следи ситуацијата со висока внимателност, а безбедносните мерки се засилени.






Покрај тоа, од утре до 2 октомври во Копенхаген ќе се одржи Седмиот Самит на Европската политичка заедница, на кој ќе присуствуваат шефови на држави и влади од Европа. Во пресрет на самитот, НАТО испрати германски воен брод „ФГС Хамбург“ во главниот град на Данска со цел да го засили надзорот во Балтичкото Море.

Поради самитот, воздушниот простор над цела Данска ќе биде затворен за цивилни дронови од утре до 3 октомври, со цел да се обезбеди безбедноста на учесниците и важните институции.

„Безбедноста на нашите воени објекти и на граѓаните е наш врвен приоритет. Поради неодамнешните летови на неидентификувани дронови, дополнителни капацитети се ставени во готовност за надзор и реакција. Го земаме ова сериозно, особено во пресрет на важни меѓународни настани во Копенхаген“, се наведува во соопштението на армијата.

Поврзани содржини