МИСТЕРИОЗНИ ДРОНОВИ НАД НУКЛЕАРНА БАЗА ВО БЕЛГИЈА Властите во Брисел не исклучуваат странска шпионажа
Според весникот „Беланг ван Лимбург“, војник кој бил на должност во „Клајне-Брогел“ прв го забележал леталото, но не можел да утврди дали навистина се наоѓа над базата или лета во близина. Тој веднаш ја известил полицијата, но кога екипите пристигнале, дронот исчезнал без трага. За случајот било известено и белгиското разузнавање, кое ја презело истрагата.
Белгиските власти ноќеска се соочиле со нов инцидент што ја вознемирил јавноста. Непознати дронови се појавиле над две воени бази во североисточниот дел на земјата. Станува збор за базите „Клајне-Брогел“ и „Леополдсбург“, каде што во првата, според повеќе извори, се чува американско нуклеарно оружје, јавија белгиските медиуми.
Според весникот „Беланг ван Лимбург“, војник кој бил на должност во „Клајне-Брогел“ прв го забележал леталото, но не можел да утврди дали навистина се наоѓа над базата или лета во близина. Тој веднаш ја известил полицијата, но кога екипите пристигнале, дронот исчезнал без трага. За случајот било известено и белгиското разузнавање, кое ја презело истрагата.
„Клајне-Брогел“ е клучна воздухопловна база каде што се складирани американски нуклеарни бомби Б61, а во 2027 година таму треба да се стационираат и новите борбени авиони Ф-35. Присуството на дронови над ваква стратешка точка веднаш го зголеми безбедносното ниво во регионот.
Меѓутоа, белгиските медиуми јавуваат дека по првичниот инцидент, слични беспилотни летала биле забележани и над блиската касарна „Леополдсбург“, што дополнително ги вклучи алармите во армијата. Сепак, не се објавени детали за потеклото на дроновите, ниту дали тие биле вооружени или шпионски.
Станува збор за четврт случај на дронови во белгискиот воен простор за последните неколку недели, откако слични летови беа забележани над базите „Марш-ан-Фамен“ и „Елзенборн“ во источна Белгија. Властите не исклучуваат можност за координирани акции на странски разузнавачки служби, но засега не даваат официјални информации.