МИСТЕРИОЗНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПУТИН ДОБИВАЛА ТАЈНИ ПЛАЌАЊА?! Откриена најтемната тајна на рускиот претседател, исплатите почнале кога таа имала 17 години

Кабаева која сега има 41 година, за која се верува дека има два сина со Путин, сега е една од најбогатите жени во Русија, со империја на скриени средства во вредност од најмалку 81,85 милиони фунти, иако Путин сè уште одбива да ја признае својата врска со неа.

2,052

Алина Кабаева, наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, добивала тајни плаќања од воена единица поврзана со Путин кога имала 17 години, откри новата истрага за животот на рускиот „цар“.

Кабаева која сега има 41 година, за која се верува дека има два сина со Путин, сега е една од најбогатите жени во Русија, со империја на скриени средства во вредност од најмалку 81,85 милиони фунти, иако Путин сè уште одбива да ја признае својата врска со неа.






Спорните плаќања, кои ги откри истрагата, доаѓале од воената единица број 16660, лоцирана во близина на Москва. Единицата е дел од Федералната служба за заштита (ФСО) и е директно под контрола на претседателот на Русија.

Плаќањата биле извршени во 2000-2001 година, на почетокот на претседателствувањето на Путин, а медиумите ги пронајдоа доверливите пензиски досиеја на Кабаева.

„Иако заработените суми Кабаева беа скромни, интригантен е фактот дека таа била поврзана со ФСО на само 17 години“, се наведува во истрагата.

Таа наводно работела во воената база седум месеци и пет дена, според нејзината евиденција за пензионирање, но војниците кои работеле таму никогаш не ја виделе.

– Не, 100 проценти ја немаше – рече еден војник. Единицата одби да одговори на прашањата за плаќањата на Кабаева.

Мистериозните исплати, во вкупна вредност од 420 фунти, беа испратени на Кабаева додека Путин беше во брак со Људмила, тогашната прва дама на Русија, од која се разведе.

Истрагата открила и снимка од Кабаева на настан во ноќен клуб во Москва во 2003 година, кога имала 20 години. Тогаш првпат се појавија шпекулации за нејзината врска со Путин.

Ја прашале: „Имаш ли некој посебен во твојот живот?“.

Кабаева одговори: „Па, не можам да кажам со сигурност“.

„Дали тоа значи дека си сингл?“ возврати репортерот.

„Па, не баш слободна. Се разбира, има некој што многу ме сака“, рече таа.

Таа не именуваше за кого станува збор и оттогаш не го стори тоа.

Следната година, Алина позираше за издание на руското списание „Максим“, главно гола.

– Не ја замолив Алина да позира целосно гола. Списанието дозволува само одредено ниво на голотија – вели фотографот Михаил Королов.

Кога во 2008 година во медиумите се појави информација дека Путин ќе се ожени со Кабаева, шефот на Кремљ полуде.

– Има граници и имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. „Тоа мора да се почитува – им рече тој на новинарите.

Истрагата откри и како Кабаева и нејзиното семејство се збогатиле од врската со Путин, со кого се верува дека ги има синовите Иван (9) и Владимир Џуниор (5).

„Парите на даночните обврзници го финансираат раскошниот начин на живот на неговото тајно семејство. Домот на Кабаева бил изграден на државен имот, нејзиниот недвижен имот го донирале пријателите на Путин кои профитираат од државните договори. Таа е платена од компании кои се занимаваат со пропаганда и измами. Не е тајна дека Алина Кабаева е една од најбогатите жени во Русија. Сепак, нејзиното богатство и имот се внимателно сокриени. И покрај тоа што во суштина е прва дама, Кабаева не ги открива своите приходи“, вели истрагата.

Сепак, таа е наведена како сопственичка на неколку станови во Москва и Санкт Петербург, како и на две вили. Таа, исто така, има имот вреден милијарди рубљи во Сочи, каде што води елитна гимнастичка академија.

Во ноември, таа беше видена како носи фустан од Диор од 2.960 фунти, и покрај санкциите поради нејзините врски со Путин и нападите врз Украина.

Поврзани содржини