Бремената Јутјуб-ѕвезда Никол Теа и нејзиниот нероден син Реин, починале под непознати околности.
На нејзиниот профил на Инстаграм објавено е дека 24-годишната Никол, која била во осмиот месец од бременоста, починала во саботата наутро.
„Ние со голема тага ги известуваме сите пријатели и обожаватели дека Никол и нејзиниот син, на кого таа и Бог му го дадоа името Реин, починаа во саботата наутро“, објавено е на Инстаграм.
Никол беше танчарка и инфлуенсерка, живееше во Лондон заедно со партнерот, а редовно ги известуваше за напредокот на својата бременост своите 123.000 обожаватели преку социјалните медиуми.
Во саботата наутро, нејзината партнер, танчарот Глобал Бога, објавил снимка од своето танцување со колевката, а минатата недела на социјалните мрежи напишал дека неговиот син пристигнува во понеделник.
Никол во едно од претходните видеа рекла дека има „добра бременост“, па нејзината смрт ги шокираше фановите.
Во соопштението на Инстаграм се вели дека семејството одлучило да ги објави сите снимки кои Никол ги снимила пред смртта.
Нејзиното последно видео се викало „Ќе влезам во када полна со млеко плус фотографии од стомакот“.
ФОТО: Инстаграм