МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА ДВЕГОДИШНИ БЛИЗНАЧКИ Мајката правела пренос во живо на Фејсбук и не знае што се случило
Двегодишни близначки од Романија починале откако паднале од 10 кат од зградата во која живееле, додека наводно, нивната мајка се снимала во живо на Фејсбук.
Близначките Моиса Кристијан Петриче и Беатрис Ерика Петриче починале откако паднале од 10 кат од зграда, додека мајка им разговарала на социјални мрежи.
За време на преносот во живо на Фејсбук, можеле да се слушнат звуците на амбулантното возило, пред полицијата да тропне на вратата од станот, поради што мајката, Андреа Виолета Петриче, престанала со снимањето.
Меѓутоа, кога таа и нејзината пријателка, која ги чувала децата, се појавиле на ТВ-шоу по инцидентот кој се случил на 11 август, двете пристапиле со различни приказни за настанот.
Андреа тврдела дека спиела во собата со нејзиниот најстар син, додека близначките ги чувала нејзината пријателка, а кога отишла да ги провери, открила дека тие се исчезнати. Според неа, нивната соба, која била секогаш средена, во тој момент била во хаос, со превртен мебел и расфрлани пелени низ целата просторија.
Таа изјавила дека прозорецот бил отворен, а душекот на подот, за што не верува дека близначките успеале да го направат тоа, особено бидејќи Беатрис не можела да оди добро, поради проблеми со десната нога, пренесува Спај Њус.
Мајката ја обвинува нејзината пријателка дека е поврзана со смртта на близначките, а според Романија Журнал, сведоците рекле дека виделе како две деца се качуваат на прозорецот од кој паднале.
Сепак, пријателката тврдела дека таа се грижела добро за близнаците, откако мајката предложила да ги препушти во нејзини раце, па дури се трудела да стане и нивна дадилка.
Андреа во меѓувреме објавила видео на Тик-Ток на кое се гледа како става цвеќиња на гробот на близначките, кои само еден месец пред трагедијата, наполниле 2 години.
Полицијата и понатаму истражува како навистина дошло до оваа тажна трагедија.