МИСТЕРИОЗНА ХЕМИСКА ПЕНА ИЗБИ ОД КАНАЛИЗАЦИЈА ВО АВТОКОМАНДА Граѓаните се вознемирија, градоначалникот и инспекциите експресно реагираа

Беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина – објави градоначалникот Ѓорѓиевски.

3,373

Од средишната шахта на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба синоќа беше забележано масовно истекување на хемиска пена, што ги вознемири и ги загрижи граѓаните. Некои од нив ја фотографираа состојбата и фотографиите ги објавија на социјалните мрежи, по што интервенираше Инспекторатот на Град Скопје, кој изврши вонреден инспекциски надзор на булеварот и утврди дека загадувањето потекнува од фирма што стопанисува во непосредна близина.

Со објава на социјалните мрежи реагираше и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој ситуацијата ја нарече „алармантна“.






„Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба. Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во состојбата. На лице место беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина. Станува збор за сериозно нарушување на законските прописи и директно загрозување на животната средина. Надлежните институции веднаш постапијанапиша градоначалникот на својот профил на Фејсбук.

Тој информира дека се земени примероци од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице. Примероците се испратени на анализа и за денеска се очекуваат резултатите. Градоначаникот најави дека денеска ќе биде анализиран елаборатот за животна средина, кој правниот субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси.

„Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки. Никакво отстапување нема да биде дозволено, секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните, ќе се соочи со целосната сила на институциитенапиша градоначаникот Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини