МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ ВО БЕЛГРАД Евакуиран агент на ЦИА, имал вртоглавици и го изгубил памтењето
Американските власти велат дека ова се случува многу често и дека е само еден во серијата вакви настани. Американските дипломати и агенти се изложени на напади од „непознати напаѓачи“ користејќи технологија за која научниците и официјалните лица претпоставуваат дека станува збор за некаква „насочена енергија“.
ЦИА неодамна евакуираше агент од Србија кој претрпе сериозни здравствени проблеми, кои се идентични со невролошкиот напад познат како „хавана синдром“.
Веста ја објави Волстрит журнал, повикувајќи се на анонимни владини претставници како извор.
Американските власти велат дека ова се случува често и дека е само еден во серијата вакви настани. Американските дипломати и агенти се изложени на напади од „непознати напаѓачи“ користејќи технологија за која научниците и официјалните лица претпоставуваат дека станува збор за некаква „насочена енергија“.
– Имаше повеќе пријавени напади во последните 60 до 90 дена, и во САД и во странство – рече Џејмс Џордано, професор по неврологија кој ја советува американската влада за овие напади.
Нападите, кои може да резултираат со вртоглавица, губење на меморијата и други здравствени проблеми, предизвикаа фрустрација кај американската влада поради намалениот морал на полицајците на теренот, особено во Стејт департментот и ЦИА, чии вработени беа погодени.
Администрацијата на Бајден ја стави потрагата по изворот на нападот на врвот на листата на приоритети.
Портпаролот на ЦИА рече дека агенцијата ги презема сите мерки за да го заштити својот персонал.
Дека станува збор за сериозни напади кои предизвикуваат проблеми за ЦИА покажува и фактот што оваа агенција неодамна мораше да го повлече шефот на одделот од Виена, каде што се случија голем број напади.
Дури и американската потпретседателка Камала Харис привремено го одложи патувањето во Виетнам, откако нејзиниот кабинет го извести Стејт департментот за потенцијални „аномалии во здравјето “, што е официјалното име на американската влада за хавана синдромот.