Горан Мисовски доцна попладнево е избран за нов претседател на НСДП.
На петтиот Конгрес на НСДП присуствуваа 426 од вкупно 493 и тој помина во мошне тензична атмосфера и со напати виоски тонови меѓу делегатите.
Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа „за“, 3 „против“ и има 3 неважечки гласачки ливчиња.
На Конгресот беа избрани и централниот одбор на НСДП со 81 член и надзорниот одбор на НСДП со 9 члена.
Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години.
Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски не се самокандидираше иако тоа претходно го најави, поради тоа што „Мисовски продолжил со своите намери да им го одземе правото на слободен избор на делегатите на НСДП“.
Досегашниот партиски лидер Тито Петковски ја оцени партиската атмосфера како мошне конфликтна и рече дека поради тоа не го водел конгресот.
Мисовски го обвини Петковски дека предложил да се смени името на партијата по неговото заминување на чело на НСДП и му порача: Црвенковски и Заев заминаа од партијата, СДСМ продолжи, Љубчо и Груевски заминаа од партијата, но ВМРО-ДПМНЕ остана!