Мислите дека 2020 година е ужасна? Историчар од Харвард откри која е досега најлошата година
Тоа беше почеток на најлошиот период за човештвото, ако не и најлошата година - рече тој за магазинот „Science Magazine“.
2020 година е навистина ужасна година, па затоа е тешко да му се замери на секој што мисли дека ова е најлошата година досега, но историчарот од Харвард, Мајкл МекКормик не се согласува. Тој во едно интервју во 2018 година изјави дека најлошата година за човештвото била пред 536 години.
– Тоа беше почеток на најлошиот период за човештвото, ако не и најлошата година – рече тој за магазинот „Science Magazine“.
Мистериозна магла и 18 месеци темнина
Таа година, мистериозна магла (сега се знае дека е резултат на вулканска ерупција) ги покри Европа, Блискиот исток и делови од Азија, по што следеа 18 месеци темнина.
– Сонцето беше без сјај, блескаше слабо цела година, како Месечината – забележал византискиот историчар од тоа време, Прокопиј.
Тоа лето температурата варираше помеѓу 1,5 и 2,5 степени Целзиусови, со што се започна најстудениот период во последните 2300 години. Во Кина паѓаше снег, предизвикувајќи да не успеат земјоделските култури и луѓето да гладуваат.
Пандемија која уби половина од човештво
Во следните години, ситуацијата започнала да се влошува. Во 541 година, во римското пристаниште во Египет се појавила чума и започнала брзо да се шири. Од чумата починаа меѓу една третина и половина од населението на Источното римско царство, што, според МекКормик, го забрзало неговото распаѓање.
Чумата се прошири низ целиот Медитеран, Европа и Блискиот исток. Патем, ова беше првата пандемија на чума во историјата и беше наречена и чума на Јустинијан, по византискиот владетел Јустинијан, кој и самиот се заболел од неа. Некои историчари ја сметаат за една од најлошите пандемии досега, и се вели дека убила околу 100 милиони луѓе, или половина од светското население во тоа време.
Историчарите веќе подолго време шпекулираат за потеклото на маглата која се појавила во 536 година, а пред две години, научниците анализирале мраз од швајцарски глечер и откриле дека вулкан избувнал на Исланд таа година и неговиот пепел се проширил низ северната хемисфера.
Следувале уште две ерупции – 540 и 547. Потоа следувала чума што предизвикала економски колапс во Европа, која траела до 640 година.