„МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ МЕ СИЛУВААТ И ЗАСТРЕЛААТ“ Ким Кардашијан расплакана сведочеше во Париз за грабежот

Американската старлета Ким Кардашијан сведочеше пред судот во Париз за грабежот во 2016 година, кога вооружени мажи ја нападнаа во луксузниот апартман, ја врзаа и украдоа накит во вредност од милиони долари.

307

Американската старлета Ким Кардашијан сведочеше пред судот во Париз за грабежот во 2016 година, кога вооружени мажи ја нападнаа во луксузниот апартман, ја врзаа и украдоа накит во вредност од милиони долари. Во тоа време таа имаше 35 години. Сега вели дека по тој ден сè се променило.

„Бев убедена дека ќе ме силуваат и застрелаат. Се помолив и само се надевав дека Кортни нема да дојде во станот и да го види сето ова. Навистина мислев дека ќе умрам“, рекла Ким низ солзи.






„Ја довикував сестра ми, но никој не се јави. Потоа две лица влегоа во мојата соба. Го доведоа и човекот од рецепцијата. Не знаев дали и тој е дел од сето тоа. Сепак, сега сфаќам дека и тој бил жртва. Бев во шок, не знаев дека бараат накит. Помислив да избегам, но сфатив дека е подобро да останам и да ги послушам сè што сакаат“, додала таа.

Таа раскажала како еден од крадците ја влечел преку креветот, го открил нејзиното голо тело под хотелската наметка и ја врзал. Таа го опишала како „понизок и покрупен“ од другиот, кој имал пиштол. На почетокот, тој ѝ се чинел како да е „татковски настроен“, како да сакал да ја смири додека таа била тивка.

Но, откако крадците почнале да се расправаат на француски, истиот тој човек, вели Ким, одеднаш го променил своето однесување и станал груб – почнал да ја допира по голото тело.

Кога судијата ја прашал дали некој ја удрил, таа одговорила: „Не, не бев удрена. Ме кренаа, ме влечеа и ме фрлија на тврдиот под, но не ме удрија.“

Подоцна објаснила дека рацете и глуждовите ѝ биле врзани, а пиштол ѝ бил вперен во вратот додека ја влечеле по подот.

„Потоа ме однесоа во бањата. Најпрво се двоумеа дали да ме стават во кадата, а потоа одеднаш ме пуштија и си заминаа. Како итно да мораа да си одат. Чекав неколку минути и се обидов да се ослободам. Некако стигнав до собата на Симоне“, заклучила Ким.

Крадците украле накит во вредност од околу 9 милиони долари. Меѓу украдените предмети бил и свршеничкиот прстен вреден 4 милиони долари, кој во тоа време ѝ го дал Канје Вест. Поголемиот дел од накитот никогаш не е пронајден.

 

 

Поврзани содржини