„МИСЛЕВ ДЕКА АВИОНОТ ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ“ Принудно слетување на „Рајанер“ во Германија, деветмина повредени поради силна бура

Најтешко повредена е жена која добила удар во главата, а нејзиното дете од две и пол години завршило со модринки. Повредена е и 59-годишна патничка со болки во грбот. Останатите повредени се третирани на самото место.

834

Авион на „Рајанер“ синоќа итно слета во Меминген, јужна Германија, откако налета на силна бура која предизвикала тешки турбуленции во авионот. Според полицискиот извештај, девет патници се повредени, од кои тројца се хоспитализирани.

Летот бил пренасочен на околу 113 километри западно од Минхен, откако пилотите одлучиле за итно слетување поради екстремните услови во воздухот.






Најтешко повредена е жена која добила удар во главата, а нејзиното дете од две и пол години завршило со модринки. Повредена е и 59-годишна патничка со болки во грбот. Останатите повредени се третирани на самото место.

Неколку патници за германскиот „Билд“ опишале сцени на хаос во кабината, при што дел од нив не носеле сигурносни појаси во моментот кога авионот се затресол.

– Никогаш не сум почувствувал таков страв. Помислив дека авионот ќе се распадне – изјави еден од патниците.

Според истите информации, авиокомпанијата организирала автобуски превоз за патниците до Милано, бидејќи воздухопловните власти не дозволиле повторно полетување од Меминген.

Дополнително, весникот „Билд“ објави дека екипажот не давал доволно јасни или континуирани инструкции за време на турбуленцијата, што ја засилило вознемиреноста кај патниците.

Поврзани содржини